bandr
Хроника

(ВИДЕО) ГРАЃАНИТЕ НЕРВОЗНИ: ЌЕ ПРЕЗЕМАТ ЛИ МЕРКИ ВЕЌЕ ЕДНАШ НАДЛЕЖНИТЕ ЗА ГОРЕЊЕТО НА БАКАР НА ТРАНЗИТОТ?

Во повеќе наврати граѓаните кои живеат на улицата „Ристо Клепов“, „Ристо Ќурчиев“ и „Ѓорги Василев“ испраќаат видеа и фотографии од транзитот со надеж дека конечно горењето на бакарот и загадувањето на воздухот конечно ќе престанат.

„Не знам кое видео по ред е оваа што ви го испраќаме.

Што треба да се случи за надлежните да реагираат? Секојдневно се загадува воздухот од палењето на бакар или што и да е.

Кога и да излеземе на тераса постојано мириса ужасно. Редно е да се реагира“. – напиша еден од граѓаните.