ТРИ ЛИЦА ОД СТРУМИЧКО ПОВРЕДЕНИ ВО СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА НА АВТОПАТОТ ШТИП-МИЛАДИНОВЦИ!

февруари 14, 2019

Уште пред да биде пуштен во употреба, автопатот Штип – Миладиновци стана место на сообраќајни несреќи. Три лица на возраст од 20 до 45 години, од кои едното е сто тешки повреди, се пренесени во болница, откако со возилото удриле во поставена препрека и се прветреле. Сите тројца се жители на струмичко Ново Село.

Не толку одамна, на истиот автопат во препрека удри и лице од Свети Николе.

Инаку автопатот е целосно изграден, но не е извршен технички прием, поради што истиот е забранет за употреба, а има поставено и неколку препреки.

Сепак ова не спречува, дел од возачите чии број не е толку мал, автопатот да го користат. Последиците се – четворица хопситалирани за краткоо време.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: