strumica denes logo

ТЕЛЕВИЗИЈА 24: ТУРИСТИ МЕЃУ КОИ И СТРУМИЧАНИ ОСТАНАА НА УЛИЦА, ЗА КАПАДОКИЈА УПЛАТИЛЕ НАД 600 ЕВРА ОД ЧОВЕК!

Автор:

Датум:

април 27, 2019

Категории:

Хроника

Автор:

Датум:

април 27, 2019

Категории:

Хроника

На улица, среде турската Кападокија оставени се 12 македонски државјани од Виница, Струмица, Прилеп и од Скопје, откако уплатиле по повеќе од 600 евра по човек за велигденска тура со балони во оваа светска туристичка дестинација, дознава „Телевизија 24“.

Преспале само една вечер, зашто од хотелот ги известиле дека само за толку им е уплатено, иако турата требало да им трае четири дена. Аранжманот, според претставникот на заглавените туристи, Зоран Ефремов, бил во организација на туристичката агенција „Орфеј“.

Според него, газдата на „Орфеј“ прво им одговарал на телефонските повици, но, по неколкуте разговори кои ги имале, тој го исклучил мобилниот телефон и сега е недостапен за патниците.

Целата сторија на „Телевизија 24“.