Perdormire
Хроника

ТАЖНА ФОТОГРАФИЈА НАПРАВЕНА ВО НЕПОСРЕДНА БЛИЗИНА НА МАНАСТИРОТ СВ.ИЛИЈА ВО СТРУМИЦА!

И покрај многубројните апели за да се седи дома поради Корона вирусот во Македонија, голем дел од струмичани тоа не го почитуваат… Секојдневно на манастирот Св.Илија од 14:00 до 17:00 часот може да се забележи голем број на луѓе кои се искачуваат до локацијата крај Манастирот. Но, не е само искачувањето… Тие зад себе оставаат ѓубре и се однесуваат неодговорно кон средината. На социјалните мрежи денеска се апелира да се забрани пристапот до Св.Илија се додека трае кризата со Корона вирусот, а ние искрено се надеваме дека надлежните ќе постапат соодветно.