Полициската станица од општа надлежност Струмица поднесе кривична пријава против М.В. (27), државјанин на Босна и Херцеговина, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “уцена“.
Од МВР информираат дека М.В. во текот на декември 2017 година, преку профил на социјалната мрежа Фејсбук, побарал од лице од Струмица да му испрати фотографии со интимна содржина.
– Откако оштетената му пратила фотографии, пријавениот од мобилен телефон и испратил пораки во кои барал да уплати 2.000 евра на негова сметка, а во спротивно и се заканил дека фотографиите ќе ги објави на социјалните мрежи, истакнуваат од МВР.