Струмичко семејство ја тужи државата!

април 19, 2018

275 илјади швајцарски франци, оваа сума ја бара од државата струмичкото семејството Петрови како надоместок на штета  поради неправилна одлука на основниот суд во Струмица од 2006 година. Брачниот пар Савета и Бранко Петрови водат судки спор кој трае дваесетина години. Како што наведуваат,  во 1999 година започнале постапка  со цел да дојдат до правдата и да вратат сума од 610 илјади швајцарски франци кои таткото на Савета во 1994 година им ги позајмил на две лица. Денеска преку прес конференција пред струмичкиот суд заедно со нивниот адвокат побараа правда и правично судење,  посебно по последната тужба против Република Македонија, со која бараат надомест на штета поради утврдена одговорност во 2013 година кај судијата кој постапувал по предметот.

,,  Од страна на републичкиот судски совет утврдена е одговорност кај судијата кој постапувал по предметот при што против него не е поведена постапка од причина што во тој момент во 2013 гдина истиот не ја обавувал судската функција и не била преземена дисциплинска постапка. Во тој контекст во текот на 2018 година пред надлежниот суд во Струмица поведена е граѓанска постапка од правниот наследник на покојниот Пављо Филчев за надомест на штета.  Постапката е поведена, односно  тужбата е поднесена против Република Македонија како работодавец на судијата кој постапувал по предметот.,,  рече  Владимир Стојковски – адвокат.

Семејството Петрови кои се законски наследници за шетата која сметаат дека им била нанесена,  од државата бараат 275 илјади швајцарски франци, сума во која е влезен и главниот долг и каматата.

,, Сите велат дека правдата е тенка и не се кине. Се надевам дека ќе успееме и сега на потег е Основниот суд во Струмица. ,, рече  Бранко Петров

Рочиштето на кое Петрови ја тужат државата за надомест на штетата е закажано за  24 овој месец.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ