СТРУМИЧКИОТ СУД РЕКОРДЕР ПО НАЈМНОГУ ПРЕДМЕТИ ЧУВАНИ ВО ФИОКИ!

април 2, 2018

Предмети за издавање на платни налози, поднесени во периодот 2006 – 2011 година, наместо, во согласност со одредбите од Законот за парничната постапка, навремено да бидат процесирани и решени, се чувале во фиоките на граѓанските судови, истакнува народниот правобранител.

Најочигледен пример за вакво грубо прекршување на принципот за судење во разумен рок, Народниот правобранител утврди во Основниот суд во Струмица, каде што по таквите предмети воопшто не било постапувано од 5 до 10 години“, констатира правобранителот.

Последиците од ваквиот волунтаризам и (не)работење, доколку тужбите/платните налози во меѓувреме бидат уважени, ќе одат на директна штета на граѓаните, и тоа без нивна вина, од причина што покрај главниот долг ќе треба да платат огромни средства за камата и трошоци. Она што треба да загрижува е фактот што ниту една од надлежните институции, а пред сè Судскиот совет на Република Македонија не ја забележала оваа појава, иако станува збор и за долг временски период и за голем број предмети“, образложува народниот правобранител.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ