По се изгледа дека во Струмица немаме само еден „шериф“, па откако првиот со своето BMW се паркираше во строгиот центар на Струмица ден потоа се појави уште еден „шериф“ кој со сигурност е влезен во „филм“ и со својот „Volkswagen Passat“ кој е со швајцарски регистарски таблички на истото место беше паркиран како и првиот автомобил. Засега немаме никакви информации дека се преземени било какви мерки.