СТРУМИЧКАТА ПОЛИЦИЈА УАПСИ СТРУМИЧАНЕЦ ПОРАДИ НАСИЛСТВО ВО КАФЕАНА – ИСТИОТ ДЕН ИЗВРШЕН Е ПРЕТРЕС ВО НЕГОВИОТ ДОМ!

декември 30, 2019

Секторот за внатрешни работи Струмица, до ОЈО Струмица, поднесе кривична пријава против Л.К (34) и Д.Р (20) и двајцата од Струмица, порад постоење основано сомнение дека пријавените сториле кривично дело „Насилство“ предвидено во КЗ, и кривична пријава против првопријавениот ЛК (34) од Струмица, поради постоење на основано сомневање дека пријавениот сторил кривично дело “Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ предвидено во чл. 396 од КЗ. Имено, ноќта на 29.12.2019 година, додека оштетената била на работа како пејач со музичка група во угостителски објект во с.Сарај, во 04.50 часот, во угостителскиот објект влегле пријавените заедно со други лица и седнале на поголема маса.

Првопријавениот веднаш ја повикал келнерката обраќајќи и се со зборовите – „ Веднаш да ми ја нацрташ музиката на масата“, и побарал да бидат услужени со пијалок. Од страна на вработената биле послужени со пијалок, но поради страв не ги известила дека музиката веќе завршила со работа.Во еден момент второпријавениот на оштетената почнал да ја допира по телото без нејзина согласнот упатувајќи и навредливи и вулгарни зборови, а потоа од страна на првопријавениот повеќе пати била физички нападната, навредувана со што и биле нанесени телесни повреди.

Веднаш по пријавување на настанот превземени се мерки за целосно расчистување и документирање на настанот. Кај оштетената по извршен преглед во Службата за итна медицинска помош биле констатирани телесни повреди и истата била упатена на понатамошни прегледи во Општа Болница Струмица. Додека прво пријавениот поради основано сомнение дека е извршител на кривично дело “насилство“ од страна на полициски службеници е лишен од слобода и задржан во просториите на СВР Струмица. На 29.12.2019 година, врз основа на судска наредба од Основен суд Струмица, извршен е претрес во домот и просториите на првопријавениот, каде се пронајдени 8 куршуми калибар 9 мм. По целосно расчистување и документирање на настанот од страна на СВР-Струмица изготвена е кривична пријава и доставена во ОЈО-
Струмица.

Од страна на судија на претходна постапка при Основен суд Струмица на прво пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена. Имено, првопријавениот повеќе пати е пријавуван во СВР-Струмица,за извршени кривични дела од областа на насилниот криминал во изминатите години, а за дел од извршените кривични дела и правосилно осудуван. Истиот во повеќе наврати е пријавуван за нарушувања на ЈРМ, како кривични дела што се гонат по
приватна тужба.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ