Струмичанка тешко повредена, удрила со велосипед во паркиран автомобил!

јули 16, 2021

На 15.07.2021 во 09.20 часот било пријавено дека во Струмица на бул.„Балканска“ М.Д.(50) од Струмица, управувајќи велосипед, удрила во патничко возило „фолксваген голф“, со струмички регистарски ознаки, паркирано од Д.Т.(72) од Струмица и паднала на коловозот, информира МВР.

Во незгодата М.Д. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Струмица.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Струмица.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: