strumica denes logo

СТРУМИЧАНИ ЗАРАБОТИЛЕ 188.000 ДЕНАРИ ОД КРАЖБИ ПА „ЗАРАБОТИЈА“ ПЛУС КРИВИЧНА ПРИЈАВА!

Автор:

Датум:

август 1, 2018

Категории:

Хроника

Автор:

Датум:

август 1, 2018

Категории:

Хроника

Секторот за внатрешни работи Струмица – Надворешна канцеларија за криминалистички работи Радовиш, до Основното јавно обвинителство во Радовиш, поднесе кривична пријава против С.Р. (26) од Радовиш, В.Ј. (23) од Радовиш, А.С. (40) од село Старо Балдовци, Струмичко, А.Ш. (24) од Радовиш и А.Ф. од село Старо Балдовци, Струмичко, поради постоење основи на сомнение дека сториле 14 кривични дела, сопштија денеска од струмичката полиција.

Пријавените ги извршиле кривичните дела во периодот од февруари до јули оваа година на подрачјето на Радовиш, во селото Тополница, на место викано „Калкан Чешма” на планината Плачковица и на место викано „Гладно Поле”, атар на Радовиш.

„Пријавените С.Р. и В.Ј. заедно сториле едно кривично дело „кражба”, првопријавениот сам сторил две кривични дела „одземање моторно воизило„ и едно кривично дело „кражба„ Пријавените С.Р. В.Ј. и А.С. заедно сториле две кривични дела „тешка кражба„ и четири кривични дела „тешка кражба„ Пријавените А.С. и А.Ш. заедно сториле две кривични дела „тешка кражба„. Пријавениот А.С. сам сторил едно кривично дело „кражба„. Пријавениот А.Ф. сторил кривично дело „прикиривање„ а во врска кривично дело „одземање на моторно возило”“, стои во соопштението на СВР Струмица.

Полицијата проценува дека со извршените кривични дела пријавените се стекнале со противправна имотна корист од околу 188.000 денари.