Perdormire
Хроника

СООПШТЕНИЕ ОД СТРУМИЧКАТА ПОЛИЦИЈА: СО ТЕШКИ ТЕЛЕСНИ ПОВРЕДИ СЕ ЗДОБИ 4 ГОДИШНО ДЕТЕ, ВОЗИЛОТО Е ПРОНАЈДЕНО- ВОЗАЧОТ ВО БЕГСТВО!

На 28.04.2020 година, во 17,35 часот, во Струмица на ул:”Никола Тесла” случена е сообраќајна незгода од страна на непознат возач со непознато возило. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобило 4 годишно дете -пешак. По укажана лекарска помош во Медицински Центар Струмица поради карактерот на повредите пешакот е препратен во Ургентен центар во Скопје. Увид на луце место изврши увидна екипа од СВР Струмица во присуство на јавен обвинител. Од страна на полициски службеници возилото е пронајдено и е во кругот на СВР Струмица. Се превземаат мерки и активности за пронаоѓање на сторителот.