Home

Perdormire
Хроника

СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ВО БОСИЛОВО – 23 ГОДИШЕН СТРУМИЧАНЕЦ ТЕШКО ПОВРЕДЕН!

Home

На 24.07.2021 во 23.40 часот во СВР Струмица било пријавено дека на патот Струмица – Ново Село, во с.Босилово, патничко возило „сеат ибица“ со струмички регистарски ознаки, управувано од В.С.(23) од Струмица, излетало од патот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.