Perdormire
Хроника

СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА НА ПАТОТ СТРУМИЦА-НОВО СЕЛО, ЕДНО ЛИЦЕ ТЕШКО ПОВРЕДЕНО!

На 30.09.2020 во 21.00 часот на магистрален пат Струмица-Ново Село, во село Дабиле, се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „пијаџо“ со струмички регистарски ознаки, управуван од Д.Ч.(44) од село Петралинци, струмичко и патничко возило „опел корса“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Г.К. (32) од село Дабиле, струмичко. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.