Perdormire
Хроника

СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА НА КРУЖНИОТ ТЕК НА ИЗЛЕЗОТ ОД СТРУМИЦА СПРЕМА РАДОВИШ – ПОВРЕДЕНИ ДВЕ ЛИЦА!

На 11.05.2020 година, во 12,20 часот, на кружен тек од ул:Ленинова со Магитрален пат А4 Струмица -Радовиш, случена е сообраќајна незгода, во која учествува ПМВ Фолсваген Пасат. Во незгодата со телесни повреди се здобиле возачот ЃИ(60) од Струмица и сопатникот АТ(59)од с.Попчево. Двајцата се пренесени во Медицински центар Струмица за укажување на лекарска помош. По овластување на јавен обвинител увид на лице место изврши увидна екипа од СВР Струмица.