СЕ ПРЕВРТЕ АВТОБУС СО ВОЈНИЦИ НА ПАТОТ СТРУМИЦА-ШТИП!

септември 29, 2020

Војници утринава се полесно повредени во сообраќајна незгода во која странично се преврте автобус на магистралниот пат Струмица-Штип. Како што информираат од Министерството за одбрана, автобусот превезувал припадници на Армијата на Република Македонија во рамки на организираниот превоз на релацијата Струмица-Радовиш-Штип-Петровец.

-Во сообраќајната незгода која според нашите и информациите од МВР се случила во 6:47 минути на осум километри пред Штип, се превезувале 16 припадници на Армијата до своите работни места во горенаведените гарнизони, при што според првичните сознанија кај дел од нив има полесни повреди и во моментот сите припадници се превезени во Болницата во Штип каде им се вршат лекарски прегледи со цел утврдување на нивната здравствена состојба, соопшти Армијата.

Увид на место на настанот е извршен од страна на јавен обвинител и МВР, а на терен излегол и тим од воената полиција.

-Припадниците на Армијата по извршените прегледи ќе постапуваат согласно со дадените препораки од лекарите, велат од Армијата.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: