С.Т ОД СТРУМИЦА Е 19 ГОДИШНАТА ДЕВОЈКА КОЈА ПОЧИНА ВО СООБРАЌАЈНАТА НЕСРЕЌА УТРОВО!

октомври 13, 2019

На 13.10.2019 околу 04,05 часот, на магистралниот пат Струмица-Радовиш, во близина на с.Радичево, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило,,фолсваген шаран’’ со бугарски национални ознаки управувано од Ф.Д.(31) од Струмица и товарно моторно возило,,даф’’ со радовишки регистарски ознаки управувано од С.Т (44) од Радовиш. Во незгодата на местото на настанот починала сопатничката во патничкото моторно возило С.Т(19) од Струмица , а возачот Ф.Д се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Коплекс клиники,,Мајка Тереза’’ за укажување на лекарска помош.За настанот е известен јавен обвинител, a увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Струмица.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: