ПРИЈАВЕНИ ПОВЕЌЕ ФИЗИЧКИ НАПАДИ ВО СТРУМИЦА МЕЃУ КОИ И НА „БЕТОВЕНОВА“ И ВРЗ ВРАБОТЕНА ВО СТРУМИЧКАТА БОЛНИЦА!

јануари 4, 2023

На 03.01.2023 во 13.50 часот во Полициската станица Струмица, М.М.(37) од Струмица пријавила дека околу 06.30 часот на работното место во Општа болница Струмица била физички нападната од С.Л.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 03.01.2023 во 03.20 часот во Полициското одделение Ново Село било пријавено дека во угостителски објект во село Смолари, општина Ново Село, З.М.(42) и Т.М. биле физички нападнати од едно лице. По преземени мерки било утврдено дека напаѓачот е Г.И.В.(32) од Република Бугарија, против кого била поднесена пријава за нарушен јавен ред и мир со физички напад.

На 04.01.2023 во 03.40 часот во Полициската станица Струмица, Р.Р.(33) од Струмица пријавил дека околу 03.00 часот на ул.„Бетовенова“ во Струмица бил физички нападнат од К.Р.. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ