ПАТОТ РАДОВИШ-ШТИП БЛОКИРАН ПОВЕЌЕ ОД ДВА ЧАСА, СТРУМИЧАНИ РЕАГИРААТ ДЕКА НИКОЈ НЕ ГО КОНТРОЛИРА И ПРЕНАСОЧУВА СООБРАЌАЈОТ!

ноември 22, 2019

Расте револтот кај граѓаните поради двочасовното блокирање на сообраќајот на патот Радовиш-Штип. Најтажно е што претходно како што велат граѓаните немало никакво известување за минирање. Колоната е подолга од 20 километри а надлежните одговорноста ја префрлуваат од едни на други без да се посочи вистинскиот виновник за настанатата ситуација. На социјалните мрежи реагираше и струмичанецот Тони Костов. Во продолжение погледнете го во целост неговиот фејсбук статус:

„Патот Радовиш – Штип е блокиран повеќе од два часа, возилата се заглавени и блокирани, на патот не патролира МВР воопшто, се обративме во полициска станица Радовиш и господинот од централа цитира: Не сме надлежни не е на наша територија , видете со колегите од Штип, а замислете ние сме блокирани на патот пред Бучим, еве јавно Бучим во чие подрачје е??? Му укажувам дека воопшто нема никакво известување дека ќе има минирање на патот и воопшто службите на МВР не го контролираат и пренасочуваат сообраќајот… Оваа наша чудесна земја… МВР и службите како и Македонија Пат и Strabag го допреа дното без да размислат дека во колоната која е подолга од 20 километри во двата правци може да има болни изнемоштени лица , мали деца и слично…битно е тие во сред ден и без известување одлучиле да минираат….и за да биде апсурдот уште поголем господинот од полициска станица Радовиш од централа и ми ја склопи слушалката пред време и се отповика како не надлежен… Затоа драги мои политичари и чиновници што години години сте на грбот на овој народ , ќе ви дојде денот кога ќе го молите народот за милостиња и да Ве гласаат…се додека се однесувате индеферентно и непрофесионално, Македончето ќе ја напушта оваа чудесна земја… СРАМОТА….Ги повикувам новинарите и медиумите да известат за овој денешен настан каде колона возила се заглавени и безпомошни … а надлежните се однесуваат небаре патот и Македонија е нивна и може да си дозволат што сакаат да прават без да ги информираат граганите …ајде новинари покажете ја и вашата професионалност на дело….“ – напиша тој.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ