НЕКОИ ДАДОА МНОГУ, ТОЈ ДАДЕ СЕ’: НА ДЕНЕШЕН ДЕН ВО 2001 ГОДИНА ПОЧИНА СТРУМИЧАНЕЦОТ АТАНАС ЈАНЕВ, ДЕНЕС НЕГОВОТО ИМЕ ГО НОСИ НЕГОВИОТ СИН!

јуни 23, 2021

На денешен ден, 23 јуни 2001 година, во акција на ослободување на скопското село Арачиново запоседнато од албанските терористички банди, беше убиен полицаецот АТАНАС ЈАНЕВ од Струмица.

Од биографија на Јанев

Атанас е роден на 23 август 1976 година во Струмица. Неговата фамилија потекнува од струмичкото село Мокриево. Во детството секогаш сакаше со постарите да муабети и да слуша за минатото на својот народ и земја. Уште тогаш му се познавало патриотскиот дух.

При секое минување низ градскиот плоштад, застануваше и се поклонуваше на паметникот на Делчев војводата, не претпостувајќи дека и самиот ќе го прифати татковинскиот позив и ќе замине на бранителската задача. Премногу го почитуваше и споменуваше ликот и делото на Гоце Делчев.

После полнолетството, Атанас имаше силни желби да и служи на татковината и да се приклучи во специјалците. Откако е вработен како полицаец, тој брзо напредувал и станал припадник на струмичката Посебна единица на Полиција. Кога започнал воениот конфликт во 2001 година, го прифати татковинскиот позив и останаа достоен и верен на заклетвата.

Неколку месеци пред да почне војната во 2001 година, во декември 2000 година тој стапил брак со неговата сопруга, која веќе била трудна и очекувале прво дете. Атанас ја доживува истата судбина како и неговиот соборец, беровчанецот Никола Пехчевски, кои заедно загинаа, и двајцата не дочекале да си ги видат децата. Неговото чедо денес го носи татковото име – Атанас.

Атанас како и другите соборци кои загинуваат заедно, доброволно се пријавувале да учествуваат во првите борбени редови во акцијата за ослободување на Арачиново.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ