НАЌЕ ЧУЛЕВ ИНФОРМИРАШЕ ДЕКА СЕ УАПСЕНИ ЛИЧНОСТИТЕ КОИ ЈА ТЕПААТ ДЕВОЈКАТА НА ВИДЕОТО КОЕ КРУЖИ НИЗ ИНТЕРНЕТ ДЕНЕСКА!

април 2, 2020

Во врска со видеото кое утрово се споделува на социјалните мрежи, ја информирам јавноста дека од страна на Секторот за внатрешни работи Штип преземени се мерки за утврдување на идентитетот на лицата кои се препознаваат на видеото и истите се лишени од слобода за понатамошно постапување.

Според информациите од ПС ОН Штип, станува збор за лицата С.А и П.Р.

За конкретниот настан и преземените мерки известено е основното јавно обвинителство.

Министерството за внатрешни работи ги презема сите потребни мерки за целосно расчитување на случајот.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ