Perdormire
Хроника

НА ВЛЕЗОТ ВО СТРУМИЦА ОТКРИЕНИ 64 МИГРАНТИ – СИТЕ ОД БАНГЛАДЕШ!

На 22.06.2020 околу 19,00 часот на регионалниот пат Валандово–Струмица на влез во Струмица полициски службеници од СВР Струмица забележале товарно моторно возило„ивеко дејли“ со скопски регистарски ознаки за кое имале информација дека превезува мигранти, по што возачот го застанал возилото и го напуштил местото на настанот. Во возилото полициските службеници пронашле 64 лица-мигранти сите од Бангладеш. Лицата се сместени во ПТЦ-Винојуг во Гевгелија за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.