Perdormire
Хроника

НА „БЕТОВЕНОВА“ ВО СТРУМИЦА БМВ УДРИЛО ВО ЅИД ОД КУЌА – ТЕШКО ПОВРЕДЕНА СОПАТНИЧКАТА!

На 26.08.2020 во 14,45 часот било пријавено дека на улица „Бетовенова“ во Струмица патничко возило „бмв“ со струмички регистерски ознаки, управувано од С.Х.(21) од Струмица удрило во ѕид од куќа. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката во возилото З.М.(61), констатирани во Медицинскиот Центар Струмица. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Струмица.