МЛАДАТА СТРУМИЧАНКА МАРИЈА БРЗАКОВА ЈА НЕМА ПОВЕЌЕ ОД СЕДУМ МЕСЕЦИ – ЗАСЕГА НИ ТРАГА НИ ГЛАС!

август 22, 2020

Повеќе од седум месец нема ни трага ни глас од Марија Брзакова, девојката која мистериозно исчеззна. Во изминатиов период се проширија бројни шпекулации за Марија, што е и лочгично за еден вака мистериозен случај. Една од нив беше дека Марија можеби ја напуштила земјава, иако тоа е многу тешко веројатно, бидејќи како што кажаа нејзините најблиски, таа кога заминала, кај себе немала лични документи. Сите овие месеци Марија се бара и преку групи на социјални мрежи, кои бројат поголем број членови.

Се споделуваат фотографии од младата жена и мајка на малолетно дете, а граѓаните се молат за било какви информации да се јават или во МВР, или на телефонскиот број кој беше оставен за контакт, но и тоа се покажа како безуспешно. Потрагата по Марија продолжува и понатаму и се надеваме дека наскоро ќе биде пронајдена жива и здрава.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ