МАЛО ДЕТЕ ПРЕГАЗЕНО КАЈ СТРУМИЧКАТА ПОЛИЦИЈА – ВОЗАЧОТ НА АВТОМОБИЛ ПОБЕГНАЛ, ПОЛИЦИЈАТА ТРАГА ПО НЕГО!

април 28, 2020

Во 17:45 во близина на полициската станица на СВР-СТРУМИЦА беше прегазено мало дете, а како што велат очевидците возачот веднаш побегнал. Од струмичката болница за портал Струмица Денес изјавија дека момчето веднаш е испратено на една од клиниките во Скопје. Во моментот кога екипата на Струмица Денес пристигна на местото на несреќата, полициските службеници испрашуваа очевидци кои ќе помогнат во истрагата што побргу да се најде возачот на автомобилот.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ