КРАЖБА ВО СТАН ВО СТРУМИЦА, КРАДЕЛЕ МАЛОЛЕТНИЦИ НА 13 И 15 ГОДИНИ!

април 22, 2020

На 21.04.2020 во 17.30 часот во Полициска станица Струмица се лишени од слобода двајца малолетници,

на 13 и 15 години, поради тоа што во 15.30 часот во стан на ул.„Ленинова“ во Струмица, од М.Л.(73) одзеле лични предмети и пари.

Од страна на СВР Струмица случајот е расчистен и по целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ