Perdormire
Хроника

КРАДЦИ ОД ПРИЛЕП „ОПЕРИРАЛЕ“ ВО СТРУМИЦА – УКРАДЕНИ ПАРИ, ЗЛАТЕН НАКИТ, ЧАСОВНИЦИ И ДРУГИ ВРЕДНИ ПРЕДМЕТИ!

Полициски службеници од ОВР Прилеп вчера (03.02) приведоа три лица поради основано сомнение дека се сторители на кривични дела „тешки кражби”. На 03.02.2021, по претходно преземени оперативни мерки а врз основа на наредба од Основен суд Прилеп извршени се претреси во домовите на М.Т.(27), М.Д.(29) и Д.Е.(20) сите од Прилеп, при што се пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичните дела. Лицата се сомничат дека се извршители на две кривични дела “тешка кражба” извршени во декември 2020 и јануари 2021 година во Струмица, при што од два стана со употреба на подесен алат, одзеле пари, златен накит, часовници и други предмети со што се стекнале со противправна имотна корист од 1.277.030 денари. По наредба на Јавен обвинител, приведените се предадени на полициски службеници од СВР Струмица. Во текот на денешниот ден (04.02) лицата ќе бидат изнесени пред судот во Струмица.