strumica denes logo

ХОРОР ВО СТРУМИЦА: СИЛУВАНА 14 ГОДИШНА ДЕВОЈКА ОД ТАКСИСТ!

Автор:

Датум:

јули 24, 2018

Категории:

Хроника

Автор:

Датум:

јули 24, 2018

Категории:

Хроника

Секторот за внтрешни работи Струмица поденесе кривична против Н.С. од Струмица за сторено кривично дело “силување-друго полово дејствие“.

Пред две недели, околу 1 часот во Струмица кај трговскиот центар “Глобал”, 14 годишно девојче од с.Ново Село, заедно со нејзината братучетка од Скопје, со такси возило управувано од пријавениот се упатиле кон Ново Село.

При тоа, на влезот во село Ново Село братучетката на оштетената се симнала, а пријавениот продолжил со движење до паркот, каде требало да се симне девојчето, но истиот не застанал на наведеното место и продолжил со движење.

На излезот од село Ново Село, пријавениот го паркирал возилото, и извршил полови дејствија над девојчето, по што ја вратил во село Ново Село.