strumica denes logo

ХАОС ВО МАКЕДОНИЈА: СИЛЕН ВЕТЕР И ВО СТРУМИЦА-УХМР НАЈАВУВА ВЛОШУВАЊЕ!

Автор:

Датум:

септември 24, 2018

Категории:

Хроника

Автор:

Датум:

септември 24, 2018

Категории:

Хроника

Силниот ветар кој беше најавуван, пристигна и во Скопје. Освен правот кој ветерот безмилосно го разнесува, низ градот може да се забележат и паднати дрвја.

Една таква фотографија на својот Фејсбук профил објави и метеорологот Славчо Попоски, кој со денови наназад предупредуваше на невремето кое доаѓа.

Од УХМР информираат дека силен ветер од северен правец ќе дува до крајот на денот. На моменти ќе надмине и над 95 километри на час.

Ветерот ќе продолжи да дува и во текот на утрешнит ден, но со посмален интензитет.

Врнежи од дожд, како што информираат од УХМР, нема да има.

Како што информиравме уште вчера облачноста во текот на денот делумно ќе се зголем, а мали се условите за сосема слаб и локален дожд.

Максималните дневни температури денеска (понеделник) ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 34, 35 степени меѓутоа од попладне најпрвин на север, а потоа насекаде нагло ќе опаѓаат.

Од вторник па натаму минималните температури ќе бидат многу ниски и понекогаш ќе се спуштаат дури и до околу па и под нулата додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот само од 15 до 23 степени.

Добро е да ве посоветуваме додека сте во ситуација да ви се случи силен ветер додека се наоѓате надвор да бидете ВНИМАТЕЛНИ.