strumica denes logo

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА СТРУМИЦА: ВО НАЈСКОРО ВРЕМЕ ЌЕ СЕ ОТКРИЈАТ СТОРИТЕЛИТЕ И ЌЕ БИДАТ КАЗНЕТИ!

Автор:

Датум:

февруари 24, 2020

Категории:

Хроника

Автор:

Датум:

февруари 24, 2020

Категории:

Хроника

Коста Јаневски – Градоначалник на општина Струмица:

,,Вчера се случи уште еден вандалски чин врз урбаната опрема на градскиот плоштад. Надлежните општински служби излегоа на терен, ја констатираа штетата и случајот е пријавен во Секторот за внатрешни работи – Струмица. Најостро го осудуваме овој вандалски чин и веруваме дека полицијата во најскоро време ќе ги открие сторителите и тие ќе бидат казнети. Апелираме да престанат ваквите вандалски однесувања и да покажеме домаќински однос кон урбаната опрема во градот затоа што таа е поставена за да ни служи на сите нас”.