strumica denes logo

Голем шумски пожар во Ново Село

Автор:

Датум:

септември 3, 2018

Категории:

Хроника

Автор:

Датум:

септември 3, 2018

Категории:

Хроника

Вечерва има активен шумски пожар во м.в. “Рамница” во Ново Село, Струмичко – информираат од Центарот за управување со кризи на Република Македонија.

Попладнево околу 18 часот на планината Огражден во близина на Ново Село избувнал пожар кој зафатил нискостеблеста шума. Заради силниот ветер пожарот го сменил правецот и зафатил поголема површина. Во гаснењето на пожарот интервенираат 6 пожарникари со 2 ПП возила и вработени од ШС „Беласица“ – Струмица.

Според извори на Струмица Денес и по полноќ сеуште се забележува огнената стихија над селото.

Фотографија е снимена во 00:30 минути