bandr
Хроника

(ФОТО) РЕАКЦИЈА НА ГРАЃАНИ: KАКО ДА НЕ ЖИВЕЕМЕ ВО СТРУМИЦА, ЌЕ НЕ ИЗЕДАТ ЗМИИ – ДВЕ ГОДИНИ НЕ ЛАЖАТ ДЕКА ЌЕ ПОСТАВАТ УЛИЧНИ НА УЛИЦАТА „КИРИЛ ДИНКОВ“

Граѓани на Струмица до портал Струмица Денес испратија фотографија од улицата „Кирил Динков“ бр.10 која како што велат тие нема уште улично осветлување. Вчера на истата улица е забележана и змија.

„Ова е фотографија од улицата „Кирил Динков“ 10. Истата улица нема се’уште улично осветлување. Покрај тоа што нема осветлување не е ниту тревата искосена, како да живееме во џунгла а не во Струмица! Имаме мали деца, се плашиме за нив! Веќе две години не лажат дека ќе бидат поставени улични но нема ништо, а ги плаќаме истите давачки како сите.“ – напиша еден од граѓаните.