Пред 40 минути на раскрсницата кај ООУ „Никола Вапцаров“ повторно се случи сообраќајна несреќа помеѓу два автомобила.
Како што не информираат очевидците, нема потешко повредено, но направена е поголема материјална штета.
Во изминатиов период на оваа локација сообраќајќите се честа појава, па затоа луѓето апелираат за оваа раскрсница надлежните да преземат посериозно мерки.
Полицијата веднаш пристигна на местото на несреќата и врши увид на истата.
Со повеќе детали во текот на утрешниот ден!