„Ноќно време може некој сериозно да настрада, ова не е играчка, ова е навистина голем проблем“ – така го започна разговорот со Редакцијата на Струмица Денес наш читател кој ни испрати фотографии на кои јасно се гледа големата депонија на патниот правец помеѓу село Баница и село Водоча кој буквално е затрупан со ѓубре.
„Овој проблем на истото место трае со години наназад и редно е конечно да биде решен, или пак ќе чекаме да се случи најлошото па тогаш да се презимаат мерки?“ – изјави друг изреволтиран граѓанин од овој проблем.
И ние искрено се надеваме дека гласот на граѓаните ќе допре до надлежните и депонијата од овој патен правец помеѓу Баница и Водоча конечно ќе биде тргната.