На 10.05.2020 година во 22.15 часот во Полициска станица Струмица В.С. (31) од село Баница пријавила дека околу 19.00 часот, пред дворното место на куќата во која живее во село Баница, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од четири малолетници, жители на селото.
Полициска станица Струмица презема мерки за целосно расчистување на случајот.
На 10.05.2020 година во 20.30 часот во Полициска станица Струмица А.А.(49) од Струмица пријавил дека околу 18.00 часот на ул.„Бетовенова“ во Струмица бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.Ц., Ф.С. и Н.С, од една страна, и М.А., Е.А., М.А. и Ј.А., од друга страна.
Полициска станица Струмица презема мерки за документирање на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.