Perdormire
Хроника

ФЕЈСБУК СТАТУС НА СТРУМИЧАНКАТА НИНА МАЏИРОВ: МИ СЕ ЈАВИ МАЈКА МИ ОД ГРАНИЦА, НЕМАЛО ЛЕКАРИ СИМПТОМИТЕ БИЛЕ ТЕЛЕФОНСКИ СООПШТУВАНИ, ЗАРЕМ НЕ ПРЕТРПЕВ СЛИЧНО СЦЕНАРИО И СО ТАТКО МИ?

Фејсбук статус на струмичанката Нина Маџиров:

Почитувани,

Вечерва во Софија слетаа мајка ми и брат ми, од Лондон. На македонската граница им било соопштено дека е донесен нов закон кој наложува да секој што влегува во државата да оди во државен карантин. Следно, им ги одзеле пасошите, за да ги товарат како говеда во полициско комбе со 20 луѓе, стуткани еден до еден. На границата немало лекари, туку симптомите биле ТЕЛЕФОНСКИ соопштувани. Така мајка ми и брат ми со часови чекаат на граница за транспорт до карантин заедно со уште стотина други луѓе. Какви ви се тие мерки, какви се??
Каква превенција, каква заштита!?!?
Ми се јави мајка ми a мене кожата ми се ежи кога ќе помислам за условите во карантинот каде ќе бидат однесени.
Зарем не претрпев слично сценарио со татко ми, а??
Греота и голем срам. Плачам и се плашам. Хорор.
СРАМ ДА ВИ БИДЕ!!

Ве молам споделувајте.