Во казиното „Сенатор“ во центарот на Струмица во средата 21 март околу 18 часот лицето А.В. со копач искршило 45 слот апарати и рулет машини.
,На 21.03.2018 година околу 17,45 часот во Секторот за внатрешни работи Струмица пријавено е дека А.В. (49) од с.Василево-струмичко со секира влегол во казино на улицата „Маршал Тито“ и оштетил 45 апарати за игра на среќа и два рулета, причинувајќи материјална штета од околу 1.500.000 денари. Од страна на полициски службеници лицето било приведено и по целосното расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок” – стои во соопштението од МВР
– Лицето е лишено од слобода и задржано во Полициската станица во Струмица. Се работи на целосно расчистување и документирање на настанот, рече портпаролката на СВР Струмица, Хризантема Рендевска.
Инаку, синоќа на социјалните мрежи се појави видео во кое се зборува како непознат човек го демолирал казиното.