СВР Струмица поднесе кривична пријава против С.М.(32) од с.Василево, О.С.(34) од с.Владевци и С.Д.(37) од с.Градашорци, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори’’.
Полициски службеници од СВР Струмица извршиле контрола во куќа во с.Ново Село, во која биле затекнати пријавените, а при претрес во куќата биле пронајдени и одземени повеќе стебла од растението Cannabis sativa.