БРАТОТ НА ВЕРИЦА БЕЛЧОВСКА ЗА „ФОКУС“: ДАЛИ 15 МЕСЕЦИ КАЗНА ЗАТВОР Е СООДВЕТНО ЗА НЕКОЈ КОЈ ОД РАЦЕ НИ ЈА ОТКИНА СЕСТРА МИ?

јули 10, 2021

Уште една пресуда за фатална сообраќајна несреќа предизвика неверување, револт, но и загриженост во јавноста. Имено, на казна затвор од 15 месеци, го осуди Основниот суд во Струмица, 18-годишниот возач кој пред три месеци ја прегази 20-годишната Верица Белчовска од беровско Русиново.

Семејството на загинатата Верица Белчовска, пак вели дека останало во шок кога ја слушнале пресудата за лицето кое ја прегази Верче.

– Дали 15 месеци казна затвор е соодветно за некој кој од раце ни ја откина сестра ми, го прекина нејзиниот млад живот? Ќе се жалиме, во неверување сме од изречената казна за едно вакво, тешко дело – изјави за „Фокус“ Мартин Белчовски, брат на Верица (20) од Русиново, која на седми април годинава беше прегазена на пешачки премин во Струмица.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ