Четворица агенти на УБК во тајна база на полицијата во село Банско, близу Струмица, два пати, по неколку дена, крвнички го тепале и го гореле по телото Рамадан Бајрами од Куманово, со цел од него да направат лажен сведок во случајот Сопот, објави Судство.мк.
Бајрами, кој е од кумановоското село Сопот, во 2003 година, бил киднапиран од пред судот во градот од агенти на УБК и присилуван да ги обвини неговите соселани дека ја подметнале нагазната тенковска мина од која загинаа двајца полски војници и еден македонски државјанин.
ИЗВОР: СУДСТВО.МК