На социјалните мрежи се појави видео од улично насилство деновиве во Струмица, за кој неофицијално дознаваме дека се третира како нарушување на јавниот ред и мир. На речиси триминутното видео се гледа како насилник со метална шипка или со шрафцигер уништува автомобил паркиран на улица. Лицето го демолира автомобилот додека сопственикот стои на страна, а во еден момент кога ќе му се приближи насилникот со спреј солзавец го прска во лицето- објави порталот ИНФОМАКС.
Насилникот му се заканува на него и на неговата девојка, а по некое време сопственикот на возилото го удира, по што силеџијата пак му се заканува со шрафцигерот- пишува порталот ИНФОМАКС.
Од МВР денеска немаа детали за инцидентот. Неофицијално насилникот во инцидентот поминал со прекршочна пријава за нарушување на јавниот ред и мир, а казна ќе плати и сопственикот на автомобилот.
ИЗВОР: ИНФОМАКС