СВР СТРУМИЦА: ДОМОТ НА 22 ГОДИШНО МОМЧЕ И ВО ДОМОТ НА НЕГОВАТА БАБА, ПРОНАЈДЕНИ 1.5 КИЛОГРАМИ МАРИХУАНА!

ноември 20, 2020

Денеска 20.11.2020 полициски службеници од СВР Струмица –Единица за недозволена трговија со дрога, по претходно добиени оперативни сознанија, извршија претрес во домот на Д.М. (22) во Ново Село и во дом на неговата баба М. М. во Ново Село, при што и на двете локации е пронајдена наркотична дрога марихуана во количина од околу 1,5 килограми. Лицето е лишено од слобода и против него ќе биде поднесена соодветна пријава до јавното обвинителство.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ