Home

Perdormire
Хроника

СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ВО СТРУМИЧКО: НЕПОЗНАТО ПАТНИЧКО МОТОРНО ВОЗИЛО УДРИЛO ВО ВЕЛОСИПЕДИСТ КОЈ Е ТЕШКО ПОВРЕДЕН!

Home

На 21.04.2021 во 17.30 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека во село Добрејци, струмичко, се случила сообраќајна незгода во која непознато патничко моторно возило удрило во велосипед, управуван од Ј.К.(78) од село Добрејци, по што го напуштило местото. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото на незгодата извршила екипа на Полициската станица Струмица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.