strumica denes logo

ПО ОБЈАВАТА НА СТРУМИЦА ДЕНЕС НЕ ПРЕСТАНУВААТ ДА ПРИСТИГНУВААТ ИНФОРМАЦИИ – ШТО СЕ СЛУЧУВА НОЌЕ НА ДЕПОНИЈАТА?

Автор:

Датум:

октомври 15, 2018

Автор:

Датум:

октомври 15, 2018

Откако вчера ја споделивме објавата за депонијата во Добрашинци (ВИДИ ЛИНК)  по барање на наши читатели, од час на час од тогаш па до сега не престануваат да пристигнуваат нови фотографии од тоа што навистина се случува на депонијата ноќе. Во претходната објава споделивме дека освен тоа што депонијата се пали и ја загадува околината, таму се одгледуваат и свињи кои подоцна завршуваат на нашите трпези. Новите фотографии токму тоа и го потврдуваат! Ноќе навистина некој ги пушта свињите по депонијата да се хранат, некои велат дури дека има и над 200 свињи. Инаку, од истата таа депонија во реката Турија се влева поточе, а Турија пак оди во Р.Струмица. Какви се последиците? Очекуваме одговор од надлежните институции.