Наскоро на владина седница ќе биде донесена одлука за рудникот Иловица кој треба да се гради во близина на струмичките села Иловица и Штука.
– Одлуката треба да ја донесе Владата, но знаете дека правно – формалните услови не се исполнети, кажа Заев на новинарско прашање каква одлука се очекува да донесе Владата во врска со рудникот на концесионерот Еуромакс ресорсис, за што со месеци локалните жители и екологистите со месеци протестираат и бараат рудник да нема.
Заев рече дека приоритет се мислењата на граѓаните, но важен е и правно формалниот аспект. Тој најави дека документацијата ќе помине низ владините служби и ако биде се готово , овој вторник или наредниот се очекува одлука. Но, како што и самиот кажа знаат и концесионерите дека правно формалните аспекти не се исполнети.