strumica denes logo

СВЕТСКА БРОНЗА ЗА ВАСИЛЕВО: ДРАГИЦА ГЛИГОРОВА МЕЃУ НАЈДОБРИТЕ МЛАДИ КИКБОКСЕРКИ ВО ИТАЛИЈА!

Автор:

Датум:

септември 25, 2026

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

септември 25, 2026

Категории:

Струмица

Драгица Глигорова од Василево освои бронзен медал на Светското јуниорско првенство во кикбокс, кое се одржува во Лидо ди Језоло, Италија. Младата репрезентативка, која настапува за струмичкиот клуб КБК „Тим Зоран“, го заврши својот настап со место на победничкиот подиум.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Во полуфиналето Глигорова се соочи со грчката натпреварувачка Кристиу Евгелија. Борбата заврши со резултат 2:1 во корист на Гркинката, со што македонската кикбоксерка остана без пласман во финалето.

Според информациите за настапот, македонската селекција изразила незадоволство од судењето и вложила приговор, сметајќи дека Глигорова била оштетена при одлучувањето.

Со освоената бронза, Глигорова носи светско одличје во Василево и значаен спортски резултат за својот клуб и за македонската репрезентација.