Премиерот Христијан Мицкоски присуствува на седница на Генералното собрание на Обединетите нации, информираше тој во својата објава.
Мицкоски истакна дека ова е место каде што се среќаваат светските лидери и се разгледуваат важни прашања поврзани со мирот, безбедноста, развојот и иднината на меѓународната соработка.
Во објавата премиерот го нагласи значењето на претставувањето на Македонија во рамките на Обединетите нации, посочувајќи дека таму се носат важни одлуки и се градат партнерства засновани на почит, дијалог и заеднички интереси.



























