strumica denes logo

МИЦКОСКИ НА СРЕДБА СО ПРЕТСТАВНИЦИ ОД АМЕРИКАНСКАТА ВОЕНА ИНДУСТРИЈА: РАЗГОВОРИ ЗА ПОТЕНЦИЈАЛНИ ИНВЕСТИЦИИ ВО МАКЕДОНИЈА!

Автор:

Датум:

септември 21, 2026

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

септември 21, 2026

Категории:

Струмица

Премиерот Христијан Мицкоски остварил средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД и со официјални претставници од американската администрација задолжени за оваа област. Според неговата објава, во фокусот на разговорите биле потенцијалните инвестиции, проширувањето на инвестициските планови и можностите за користење на расположливите ресурси.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Мицкоски посочил дека целта е преку сериозни и долгорочни партнерства да се отворат нови можности за инвестиции и технолошки развој, како и да се зајакнат домашните капацитети.

Според премиерот, Македонија располага со потенцијал, ресурси и стратешка позиција кои можат да послужат како основа за продлабочување на соработката со Соединетите Американски Држави, во интерес на економскиот развој, безбедноста и стабилноста.

Во објавата не се наведени имиња на компаниите учеснички на средбата, ниту детали за конкретни инвестициски проекти.