Д-Р НИКОЛА МАЏУНКОВ, СОВЕТНИК ВО СОВЕТОТ НА ОПШТИНА СТРУМИЦА ОД РЕДОВИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ:
ГРАДОНАЧАЛНИК ЗА НАРОДОТ А НЕ ЗА ЛИЧЕН ПРОФИТ ИНТЕРЕС
Прочитав порака во која беше напишано дека критиките упатени кон Костадинов не се добри по моето здравје.
Прво, напишаното спаѓа во закана и е напишано со истата арогантност поради која народот ги казни СДС и ги направи трета политичка сила во Македонија.
Второ, сите мои критики се упатени кон институцијата Градоначалник од позиција на Советник во Општина Струмица – никогаш лично❗️
Критиките кон Костадинов, како Градоначалник се упатени бидејќи се докажа дека Струмица ја води само поради личен профит интерес а не во интерес на градот и граѓаните❗️
Најсоодветен пример е тоа што Костадинов од позиција на Градоначалник формира мрежа од фирми во сопственост на најблиските членови на фамилијата, од кои две се занимаваат со градежништво. Не е проблем ако пред да стане Градоначалник се занимаваше со градежништво! Проблем е што откако стана Градоначалник реши да се занимава со градежништво – користејќи ја позицијата за да може преку тие фирми да остварува личен профит.
Најсвеж пример е брзото и експресно уредување на шеталиштето на каналот Крушевска Република каде двете фирми блиски на Костадинов оформија плац за изградба на станови за продажба. Останатиот дел на каналот остана нечепнат и средствата за негово уредување се потрошија.
Позицијата Градоначалник ја искористи за да може да ја подигне вредноста на градежната парцела и на самиот имот, за цената на становите да биде повисока.
Од друга страна, за да го спроведе профитерскиот ГУП на Струмица ја намали вредноста на парцелите на граѓаните и ги претвори во зелена зона. Им го одзеде правото на тие парцели да градат куќи и викендици и им ја намали вредноста на нивните имоти а за свои потреби ја користи функцијата за да ја зголеми вредноста на имотот на неговите блиски фирми.
Постојат уште многу други примери за профитерско водење на Општина Струмица за кои последните 3 години сме пишувале и ќе пишуваме.
Токму поради тој начин на работа како советник секогаш ќе го критикувам Костадинов. Зад секоја критика, како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ имаме и предлог план, и решение како да се направи поинаку и во интерес на граѓаните и во интерес на Струмица.
Времето на политичари профитери во Струмица е завршено❗️
Силата за промени е во народот 🇲🇰