Потребни состојки :
– пастрмка 🐟
– компир 🥔
– мешавина од зеленчук за гарнир
– лук
– сок од лимон 🍋
– путер
– брашно
– јајце 🥚
– зачини: магдонос, сол, црн пипер, чили, кари, оригано, вегета
Начин на подготовка :
🥔 Компирите излупени сварете ги во вода со малку сол. Потоа, нагмечете ги и додадете путер, сол, црн пипер, вегета, кари, оригано и малку чили и размешајте да се соединат состојките. Од вака подготвеното пире, формирајте крокети, увалајте ги во брашно и потпржете ги во врел зејтин.
🐟 Пастрмката исчистена засечете ја на повеќе места и посолете ја. Пржете ја во грил тава со малку масло додека не порумени од двете страни.
🥣 Во загреанс тава ставете поголемо парче путер да се рсдтопи, додадете ситно сецкан лук и магданос, сок од лимон, сол и црн пипер и мешајте да се соединат состојките додека да се добие убав сос со кој ќе ја прелиете пржената пастрмка и крокетите.
🥕 За гарнир може да користите и мешавина од зеленчук која ќе ја потпечете на грил тавата.
Видео: